3a тие што не знaaт, Пpилеп има и заменик гpaдоначалник

Советникот од редовите на СДСМ, Александар Китаноски, според наши извори е именуван за заменик на градоначалникот Илија Јованоски во општина Прилеп.

Китаноски е еден од поактивните советници од СДСМ и често се појавува пред медиумите презентирајќи што е направено од локалната владеачка структура во Прилеп.

Според она што го пишува на официјалната веб страна на општина Прилеп, Китаноски е роден во 1970 година и има средна стручна подготовка (гимназија).

Китаноски беше доста активен и кога СДСМ беше во опозиција, а неговото име се спомнува низ чаршијата како иден потенцијален кандидат за повисока функција.

Александар Китаноски е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на општина Прилеп.

Последен настан на кој се појави во јавност беше одбележувањето на патрониот празник на основните училишта „Добре Јованоски“ и „Рампо Левката“, каде положи свежо цвеќе пред бистата во ООУ „Добре Јованоски“, пред споменикот на Рампо Левката во кругот на Основниот суд во Прилеп, на Могилата на непобедените и пред спомен обележјето во месноста Дабница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.