3a една година бројката на социjaлни cлyчаи во Maкедониja се зголемила за нови 10.000 кopиcници

Нови 10.000 семејства станаa корисници на социјална помош за една година. Корона кризата удри по најсирмашните. Статистика објави дека лани 32.345 домаќинства биле корисници на социјална помош. Во 2019-та оваа бројка беше за 44% пониска, или статистиката изброи скоро 22.500 социјалци. Овие лица живеат со максимум 12,000 денари, ако станува збор за 4 члено семејство со едно работонеспособно лице.

Според министерството за труд и социјална политика сумата за еден член корисник на помош изнесува 4,000 денари, а за секој нареден се зголемува. Најчесто корисници се семејствата со 2 возразни и 2 деца, кои можат да добијат помош од 10.600 денари од држава, пренесува Сител.

Според истражувањето на Фајнанс Тинк, пандемијата најсилно ги погоди најмалку платените работници. Од нив, 7 илјади останаа без работа и тоа најмногу лицата кои работеле во домот на работодавачот, како негувателки на деца.

Нивниот доход им се намалил за 90% во споредба со заработката пред пандемијата. Сите биле без договор за вработување, токму формализацијата на работното место ќе биде приоритет за Синдикаторт и работодавачите.

Од Фајнанс Тинк бараат државата во новиот предлог закон за работни односи, кој веќе се подготвува, да се вметне регулаторна забрана ваквите договори да се продолжуваат бесконечно, но и да се воспостави механизам непријавените да влезат во системот. Сметаат дека на овој начин значително ќе се намалат бројот на социјалци и сиромашни во државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.