Традиционално и оваа година, учениците од ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од класата Народни инструменти кај професорот Мендо Ташкоски, кој се одржа во Кавадарци на 18 и 19 Ноември. Како и изминативе 6 години, така и оваа година учениците кои ја негуваат традиционалната музика се вратија со највисоки награди. Во предкатегорија се натпреваруваа најмладите ученици: Петрески Христијан – кавал, Рампоски Михаел – тамбура и Кочоски Божидар – тапан кои ја добија првата награда. Настески Сергеј – кавал, Трајкоски Антонио – кавал и Соколески Марио – тапан се натпреваруваа во А категорија и исто така заслужено се закитија со прва награда. Овие талентирани ученици се иднината на македонската традиционална музика, од срце го сакаат фолклорот и се гордост за музичкото училиште и градот Прилеп.