Прилеп изгради амбициозна екипа за новата сезона во ракометната Супер Лига. Покрај искусните домашни играчи, тимот досега го засилија Грузиецот Имнадзе, Црногорците Јелушиќ, Кастратовиќ и Шабановиќ, голманот Ацевски, пивотот Трајчевски и бековите Рајатоски и Цветаноски.
Сега е познато дека во Прилеп пристугнува и искусниот Србин, Душан Бозолјац, 38-годишен лев бек кој во кариерата има настапувано во повеќе средини во соседството и низ Европа.
Од унгарски Мезоковешд, преку норвешкиот Сандефјорд, Анталија во Турција, Синфин во Шпанија, Коњух и Градачац во БиХ, Макаби и Хапоел во Израел, како и Ал Шааб во Обединетите арапски емирати. Искуството на Бозолјац е огромно и со сигурност ќе значи премногу за прилепчани во новата сезона, во која пак ракометните вљубеници очекуваат излез во некој од европските купови.