37-мо издание на манифестацијата ” ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА НАРОДНА НОСИЈА”

944954_1067156400015449_2818002516260740068_n

Сабота (26.03.2016) во општина Кривогаштани традиционално по 37 пат се одржува манифестацијата ”Денови на македонска народна носија” која оваа година под покровитетво на Министерството за култура ја организираат општина Кривогаштани и КУД Илинден од Кривогаштани.

Манифестација е од ревијален и натпреварувачки карактер на која годинава ќе учествуваат 20 екипи во коие се опфатени сите региони во државата и повеќе населени места во Македонија. Годинава се очекува манифестацијата да има и меѓународен карактер каде вклучени ќе бидат и претставници со оригинална народна носија од нашите делови од Пиринска и Егејска Македонија како и учесници од Мала Преспа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.