35 години постоење EСЗ Тигар- елита меѓу елитите

Денеска навршуваат 35 години од постоењето, на специјалците Тигри. Немаат никакви посебни бенифиции, ниту повластувања, платите им се мали, но сите максимално се трудат да го извадат најдоброто од себе кога е во прашање работата, објавува телевизија Алфа.

tigar-esz-640x427

Импресивно е да се види како Тигрите реагираат во симулирани заседи, скокаат од хелихоптер, спасуваат заложници. Дури и кога гледате показна вежба и однапред ви е познато од која врата ќе влезат специјалците, штом ќе почне пукањето, не можете да останете мирни. Подготвени секогаш да одговорат на задачата и да се соочат со каква било закана. Секојдневните тренизини и оперативната дисциплина им се на високо ниво, тие кога работат немаат право на грешка, пишува Алфа.

Денеска навршуваат 35 години од постоењето, на специјалците Тигри. Оваа единица е чувар на уставниот поредок, безбедноста на граѓаните и државата. Бројни акции, имаат зад себе, од некои нивни реализации може да се напише и стручна литература. Колку и совршено да постапиле, не отсуствувал обидот да се поткопа нивната професионалност или уште полошо да им се залепи партиски белег и де се прикажат како убијци и силеџии.

-Повеќето од нив, се семејни луѓе, некои од нив и со деца, ги мачат истите секојдневни проблеми како и на многу граѓани во државата, вклучувајќи ги и финансиските. Немаат никакви посебни бенифиции, ниту повластувања, платите им се мали, но сите максимално се трудат да го извадат најдоброто од себе кога е во прашање работата. Овие исклучителни луѓе ја заслужуваат најдобрата опрема и услови за да можат да одговорат на задачите. Без разлика во какви услови работат, специјалците секогаш се водат од фактот дека за оваа работа се определиле од ентузијазам и љубов. Кога треба да се интервенира, сите потешкотии ги забораваат и тргнуваат во акција. За време на интервенциите главната цел на Тигрите е да се спаси животот на сите, вклучувајќи го и живот на сторителот, ако воопшто тоа е можно, пишува Алфа.

Денеска на 35 годишнината на граѓаните им беше ускратено задоволството да видат некоја совршено изведена показна вежба, што било пракса на денот на Тигрите. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски реши да не им го честита роденденот на специјалците, па базата остана затворена и за јавноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.