32-ри Мариовско – мегленски културни средби во с. Витолиште

мариово 2016

На 29-мај во манастирот Св. Илија, с. Витолиште во организација и под покровителство на локалната самоуправа на Општина Прилеп ќе се одржат   32-рите по ред Мариовско-мегленски културни средби. Со овие традиционални средби се негува фолклорно и културното наследство на регионите. На средбите ќе присуствуваат повеќе граѓани од Прилеп и Македонија, локалното население, како и учесници со богата културно-уметничката програма.

Целта и значењето на одржувањето на средбите е зближување на населението од двата региона на Мариово и Меглен, средба на лица кои се иселиле од регионот, како и остварување на културна размена во пошироки рамки.

IMG_9029

IMG_9023

IMG_9027

Покрај културно-уметничката програма, ќе се одржи и велосипедски настан со учество на велосипедисти од целата земја. Велосипедистите пристигнуваат претходниот ден и кампуваат во село Манастир, од каде што ќе биде и официјалниот старт во недела на 29-мај. Организаторите најавија тридневна забава, по престигнувањето на гостите и поставување на кампот следува отварање на Outdoor Festival со проекција на кратки оutdoor филмови, изложба на фотографии, аеробик забава и богата музичка програма со Ди џеи.

Она што е особено значајно за овие средби е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовскиот регион како вонреден потенцијал со придобивките кои ги нуди чистата животна средина.

IMG_9080

IMG_9048

IMG_9052

IMG_9060




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.