300 eвpa нагpaда: Bo Цpна Гopa натпpeвap во лежење (Видео)

Постојат многу вицеви и шеги за црногорците. Тие секогаш ги претставуваат нив како мрзеливи, но со оваа шега, очигледно тие знаат да се носат и ја прифаќаат на своја сметка.

Во црногорското етно село Брезна, кое се наоѓа помеѓу Никшиќ и Плужине, денеска започна традиционалниот ,,натпревар во одмор и лежење”.

На десеттиот собир учествуваат осум натпреварувачи, кои ќе се борат за наградата од 300 евра.

Правилата се такви што на учесниците им е забрането да стануваат, но дозволено е спиење, читање книги, храна и пијалоци.

Новото правило во споредба со претходните години е дека ќе им биде дозволено да одат во тоалет на секои осум часа.

Моменталниот рекорд во лежење е 52 часа.

Ова е натпревар во кој Црна Гора е единствена во Европа, а особено е интересно, како што рековме, поради прифатениот стереотип за оваа нација дека се мрзливи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.