Фудбалерот за кој се проценува дека е најбогат во светот доби отказ без одиграна минута за сениорскиот тим. Тоа е Фаик Болкија и внук на принцот од Брунеи.
Се проценува дека е „тежок“ повеќе од 20 милијарди долари, но понекогаш ни парите не се доволни да го исполни тоа што го сака.
За споредба, Болкија е 30 пати побогат од Лионел Меси, 50 пати побогат од Нејмар.
Неговата најголема желба беше да стане фудбалска ѕвезда, а сега доживеа едно од најголемите понижувања. Португалскиот Маритимо го раскина договорот без одиграна минута за сениорскиот тим
Челниците на клубот се обидоа да му дадат шанса, го испратија во друга екипа, но и таму не се снајде. Најблиску дебитираше минатата сезона кога беше на клупата на мечот против Спортинг Лисабон.
– Постигнавме договор за раскин на договорот со Фаик Болкија. Му благодариме за трудот и залагањето и му посакуваме сè најдобро во понатамошната кариера – пишува во соопштението клубот кој моментално е на 15. место во лигата.
Болкија со фудбалот почна да се занимава во Англија, беше во младинските тимови на Арсенал, Стоук, Челзи, а во Лестер дојде во 2016 година. Сепак, тој и „лисиците“ набрзо сфатија дека Премиер лигата е премногу за него, па реши да замине во Маритимо.
“Јас сум играч кој сака да создава работи на теренот. Ги покривам крилните позиции и играм како офанзивен играч за врска. Сакам да постигнувам голови”, објасни во една прилика фудбалерот.