По повод 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, претставници од Општина Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески, денеска остварија посети на неколку институции. Прво беше посетено ОУ „Климент Охридски“ каде локалната самоуправа по брање на родителите и наставничкиот кадар за подобрување на квалитетот на воспитно- образобните услуги донираше LCD проектор. Потоа градоначалникот Ристески го посети „Дневниот центар за деца со посебни потреби“.
Во знак на благодарност за вниманието и поддршката од страна на јавниот и приватниот сектор беа организирани кратки програми по повод одбележувањето на „Светскиот ден за заштита на лицата со посебни потреби”.
Градоначалникот Ристески, напомена дека Општината секогаш ќе биде со децата и ќе се обиде во рамките на можностите да им помага:
„Имаме обврска кон Вас, да направиме се што е во наша моќ, не само на овој ден, туку преку цела година, да обезбедиме услови за ваш правилен развој, посочи градоначалникот во своето излагање.