Воспалувањата и инфекциите често умеат да ви го расипат летувањето. Еве од што треба да се чувате.
Наместо да уживате во плажата и морето, вие лежите во постела, пиете чаеви и лекови. Ви звучи познато?
Мало невнимание или неодговорност кои сами себе си можете да си ги причините за време на летувањето, може да ви го упропастат целиот годишен одмор.
Ова се трите опасности кои со себе ги носат мокрите костиме за капење:
1. Воспалена бешика
Претераните промени на температурата, како што се излегување од климатизирана просторија и влегување во ладното море, можат да бидат причина за воспалување на бешиката. Исто така, треба да се внимава и при користењето на јавните тоалети, каде се кријат разни опасности, не само на даската на WC шољата, туку и на кваките, славините и тоалетната хартија.
Затоа водете сметка за чистотата на крпата, често сменувајте ги хигиенските влошки, користете памучен долен веш и променувајте ги костимите за капење.
2. Гливични Инфекции
Инфекциите најчесто настануваат при користење на базените, а поретко во морето. Најзагрозени се луѓето кои јадат премногу благи работи, пијат алкохол, имаат ослабен имунитет и се подложни на стрес.
Кога киселоста на матката е смалена (pH поголема од 4,2), тогаш на интимните места се населуваат микроорганизми, или се зголемува бројот на оние микроорганизми кои инаку се нормално присутни на овие места.
Овој тип на инфекции може да предизвика и кандида, која може да се јави после користење на антибиотици. Најчести симптоми се црвенилото, оток или зголемено количество на бел секрет.
3. Воспаление на јајниците
Воспалението од овој тип е почесто за време на престојот на море, а симптомите на воспаление на јајниците се пропратени со болки во долниот дел на стомакот, во пределот на левиот, десниот или двата јајника, а понекогаш може да се појави и покачена телесна температура.
Воспалението од овој тип мора да се лечи со антибиотици кои треба да ви ги препише лекар, а можете да го спречите така што ќе избегнувате ладни напитоци и одење боси.
А.Г.