3.700 СТРАНСКИ ШПИОНИ РАБОТАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Реагирајќи на текст во врска со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во кој се тврди дека во Русија во моментот работат неколку стотина странски разузнавачки агенти, аналитичарот и екс-советник на премиерот Љубчо Георгиевски, Емилија Гелева изнесе цифра за тоа колку странски разузнавачки агенти има во Македонија

„Во Македонија моментално има 3.700 странски шпиони и сите спокојно си мешетарат“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ – екс-советникот на Георгиевски и аналитичарот Емилија Гелева.

Објавата на Гелева е реакција на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека лани биле неутрализирани повеќе од 400 странски шпиони во Русија.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин порачува дека е спречена работата на повеќе од 400 странски шпиони на територијата на Руската Федерација. Тој ги повика силите на внатрешната безбедност на ФСБ да продолжат да ги оневозможваат странските сили да добијат политички, економски и воени информации.

Претходно, заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рибаков изјави дека Москва има докази дека САД се обидуваат да се мешаат во претседателските избори во Русија, но не изјави какви точно докази поседуваат.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.