Референдумот за промена на уставното име на Македонија и бришење на се што е македонско ќе ги чини граѓаните неверојатни 3.5 милиони евра, а како што истакна Ванковска ова ќе биде најскапото мерење на јавното мислење во историјата на Македонија без никаков легитимитет и легалитет – пренесува порталот “Инфомакс”.
Референдумот ќе се финансира од државниот буџет, односно од џебот на граѓаните. Најголем дел од парите односно 60 милиони денари за ставката Разни трансфери ќе бидат префрлени од Министерството за финансии. Службата за општи и заеднички работи на Владата, попозната како СОЗР ќе издвои 20 милиони денари. Наместо за ветената жичара истата сума на пари ќе биде прераспределена и од Министерството за транспорт врски.
Министерството за труд и социјална политика наместо за пари за минималната плата од својот буџет ќе исплати 10 милиони денари за референдумот. 8 милиони денари кои беа наменети за Големата концертна сала за Македонската филхармонија исто така наместо за претходната намена ќе бидат искористени како средсвата за референдумот.
Се крати и во Министерството за здравство, каде 10 милиони денари наменети за набавка на опрема и машини за ПЕТ Центарот сега ќе бидат употребени за спроведување на референдумот. Учениците и студентите исто така ќе бидат директна жртва на промената на македонскиот идентитет, 5 милиони денари претходно наменети за печатење на стручна литература сега ќе се користат за спроведување на референдумот.
Извор: “Инфомакс”