3начително им го подобpивме животот на гpaѓаните, затoa ќе победиме на локалните, вели 3aeв

Владејачката СДСМ ја почнува постапката за избор на кандидати со кои ќе истрча на локалните избори закажани за вчера. На вчерашната прва седница на новоизбраниот извршен одбор на партијата гернеалниот секретар бил задолжен за организирање седница на Централниот одбор на партијата со подготовки за премин во штабско работање и почеток на постапка за избор на кандидати за локалните избори.

Во рамки на оваа постапка, како што информираат од СДСМ ќе се спроведе анализа врз основа на мерит системот, реализација на програмите како и неколку истражувања на јавното мислење.

Партискиот лидер пред највисокото партиско тело меѓу два конгреса го презентирал економскиот план и пакетот за инвестиции и направил пресек на она што до сега е сработено.

Напредок и придобивки за сите граѓани, тоа може да го очекуваат граѓаните од Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство.

СДСМ постои за граѓаните, ние им служиме на граѓаните. Со сериозен резултат зад нас, и успех во реализираните мерки и политики на централно и локално ниво, СДСМ е фаворит на локалните избори наесен – рекол Заев, пренесе СДСМ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.