Во Скопје се одржа 27-то Државното првенство во бокс за сениори, јуниори, кадети и деца
Прилепскиот боксерски клуб “АС”, предводен од тренерот Дарко Чатлески, настапи со тројца свои борци и освоија два медали.
Златен медал освои Матеј Чатлески, кој во категорија на кадеди до 80 кг. во финалето со 2:0 го победи Кораб Билибани од “Шкендија бокс”.
Дамјан Талимче пак освои бронзен медал во кадети до 60кг.
За жал немаше боксерки во категоријата на Невена Стојаноска, која во иднина ќе покаже со каков квалитет располага.