3емjoделците обвинyвaaт: Bлacта се обидува да го миниpa нajaвениот пpoтecт за Петровден во Прилеп (Видео)

На само четири дена пред одржувањето на предупредувачкиот, генерален сеземјоделски протест во Прилеп, македонските земјоделци уште полути и погневни на власта. Последните најави на министерот Хоџа дека периодов ќе се започнело со доисплатата на субвенциите и со исплатата на помошта од Петтиот Ковид-пакет, за македонските земјодлеци се само префиден обид на власта да им го минира престојниот протест, бидејќи како што објаснуваат самите, лепезата од земјоделските проблеми била многу поширока од само овие две барања – објави “АЛФА ТВ”

„Протестот не е само за субвенциите и за Ковид-мерките. Протестот е и за зелената такса, протестот е и за продажбата на земјоделско државно земјиште и уште многу други работи се кои ќе се изнесат дента, в понеделник на самиот протест….Целта на овие најави за исплата е да се разводни најавата за протест и да се минира целата организација која што веќе се случува за организирање на сеземјоделски протест…Очигледно дека се незадоволни земјоделците и даваат огромна поддршка за организирање на еден ваков протест. И покрај најавата на Министерството дека ќе се извршат исплати, протестот ќе се одржи“, дециден е Игор Мирчески, еден од иницијаторите на престојниот протест.

Македонските земјоделци му упатија јавна покана и на претседателот Пендаровски, за и тој лично да учествува на самиот протест и сам да ги слушне земјоделските маки.. „Освен со Ваше лично присуство, секоја друга поддршка, или немање одговор од Ваша страна на оваа наша јавна покана, ние земјоделците ќе сметаме дека поважна Ви е ЛГБТ- заедницата, отколку ние, кои ја храниме цела држава“, се вели во дописот до претседателот Пендаровски, а на кој досега нема никаков одговор.

Најавениот протест ќе се одржи на „Петровден“, во времетрање од два часа, во центарот на Прилеп.

Каролина Дурло




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.