И во Прилеп денеска гласаат заpaзени лица од кopoна и тие во изолациja.
Дваесет и девет лица имаат право да гласаат и да го дадат својот глас. Кај пријавените оди специјален одбор од медицински лица, на кои им се придружени и по двајца претставници од партиите.
Процесот на гласање се спроведува според протоколите на ДИК и Министерството за здравство.
Утре во Прилеп треба да гласаат 489 болни и немоќни лица. В среда своето право на глас ќе можат да го остварат 64.004 гласачи на 130 избирачки места.
Дванаесет избирачки места се присоединети кон други постоечки заради помалку од 10 гласачи, а 13 избирачки места се дислоцирани заради просторни услови.