27-годишниот градоначалник на Бања Лука им ги собра клучевите на функционерите: Службените автомобили во 16ч. да бидат паркирани пред општина (Фото)

27-годишниот Драшко Станивуковиќ е новиот градоначалник на градот Бања Лука во Република Српска, а еден од неговите први потези ги освои симпатиите во целиот регион.

Станивуковиќ им наложил на општинските административци и функционери клучевите од службените автомобили да ги оставаат во неговиот кабинет, со цел тие да не се возат после работното време. Идеја која добро би било да си примени во сите државни институции и општини кај нас.

“Сите клучеви од преку 50 службени автомобили се вратени во 16 часот, на мое барање, во просториите на Кабинетот на градоначалникот.

Никој веќе нема право службените автомобили да ги користи за приватни цели, како што тоа беше случај досега. Преку 70% од службените автомобили не беа на паркингот пред градската управа, после работното време.

Ќе донесеме одлука сите службени автомобили да мораат да бидат обележени, и истата е подготвена, а подготвен е и новиот Правилник за употребата на овие возила.

Меѓу овие клучеви се наоѓаат автомобили во вредност од преку 100.000 марки, кои ќе ги продадеме, затоа што за граѓаните на Бања Лука постојат поприоритетни работи.

Мораме да ставиме крај на расипничкото однесување, а ова е само прв чекор во тој правец, вечерва ќе донесеме и други одлуки”, напиша младиот градоначалник на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.