На 14.02.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за крим полиција и Полициската станица при СВР Битола од мотел во близина на автобуската станица во Битола го привеле М.С.(27) од Прилеп.
Тој се барал по наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор за сторени кривични дела „тешка кражба“.
М.С. е спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на казната.