259 казнети возачи викендов на подрачјето на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (10/11/12.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 259 возачи, меѓу кои 78 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 52 мерки за возење без возачка дозвола, 55 возачи за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.