25 милиони денари инвестиции на ЈКП „Пазари“ – Прилеп

Ориентираноста на работењето на ЈКП „Пазари “ – Прилеп  е насочена кон обезбедување на квалитетен  јавен сервис за граѓаните на град Прилеп во рамките на дејноста која ја врши согласно актот за основање и законските и подзаконските прописи за областа.

BeFunky Collage

Трендовите кои ги наметнува современото живеење бараат постојано инвестирање и следење на промените на пазарот на понуда на услугите кои ги обезбедува јавното претпријатие.

Во периодот од 2004 година па до 2016 година ЈКП „Пазари“ има релизирано бројни инвестициони активности  и тековни оперативни работи во рамките на дејноста која ја извршува ова јавно комунално претпијатие со што се обезбедени современи услови за работа на закупците на јавното претпијатие.

_MG_0774

Превземените инвестиции во изминатиот период обезбедија ЈКП „Пазари“-Прилеп да биде лидер во Република Македонија во квалитет, модернизација и иновација во работењето во дејноста на пазарните услуги и е пример кој го следат и останатите јавни претпријатија од оваа дејност.

Со обезбедените приходи по сите основи ЈКП „Пазари“ ги реализираше следните активности во периодот од 2004 година до декември 2016 година :

– Покриен е централниот градски пазар каде се продаваат зелени производи во вкупна површина од 2.300 метри квадратни;

_MG_3487

– Поплочен е стариот градски пазар со бекатон плочки на површина од 5.000 метри квадратни;

IMGM1217

– Избушен е бунар на длабочина од 40 метри од кој се мие површината во внатрешноста на пазарот со техничка вода, а не со вода од градскиот водовод со што се остварени значителни заштеди во работењето;

– Изградени се јавни тоалети, во просторот на пазарот;

IMGM1221

– Извршена е реконструкција на целокуната водоводна мрежа во рамките на пазарот;

– Направени се хидранти низ целиот пазар, односно обезбедени се сите минимално-хигиено технички услови кои треба да ги исполнува еден пазар, за што е добиено решение од надлежните институции како потврда;

????????????????????????????????????

– Подобрена енергетска ефикасност со замена на надворешна и внатрешна столарија  во постојните канцелериски простории на управата на ЈКП „Пазари“;

– Покривање на целиот дислоциран текстилен пазар на површина од околу 2.300 метри квадратни;

6504-zavrshi-pokrivanjeto-na-gradskiot-pazar-vo-prilep-960x600-1

– Поставување на тенди во рамките на зелен и текстилен пазар;

– Реконструкција и осовременување  на пазарот на мало во населбата на улица „Петта Прилепска Бригада“;

– Поставен е лед-дисплеј на влезот од пазарот на кој граѓаните ќе можат да ги следат сите активности на пазарот, како цените и видот на производите кои се продаваат, проектите на пазарот и локалната самоуправа;

-Осветлување на целиот текстилен пазар;

– Во 2014 година завршена е градбата на новиот млечен пазар во рамките на стариот градски пазар;

– Репарирање на тезгите во текстилен пазар и нивно обогатување со боксови за складирање на стоката од закупците;

IMGM1223

– Обезбедување на 24 часовен видео надзор и физичко обезбедување на целиот простор во пазарот со што се реши и проблемот на обезбедување од кражби и оштетување на стоката од закупците;

– Изградба на нови деловни објекти на местото на старите и руинирани објекти на просторот околу зелениот пазар во површина од 80 метри квадратни;

Во изминатиот период беа реализирани бројни инвестициони активности  и тековни оперативни работи во рамките на дејноста која ја извршува јавното комунално претпијатие со што се обезбедени современи услови за работа на закупците на јавното претпијатие.

ВКУПНАТА ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ ОД 2004 ДО 2016 ГОДИНА ИЗНЕСУВА  25.000.000 ДЕНАРИ.

ЈКП „Пазари“ од Прилеп претставува вистински пример како треба да функционира едно јавно претпријатие кое се занимава со оваа дејност. Инвестициите во вредност од 25 милиони денари за овој изминат период во голема мера ги подобрија условите за работа како на продавачите, но исто така и на купувачите.  Но ова претпријатие нема да застане тука, туку и понатаму ќе продолжи со својата модернизација и унапредување.

_MG_0772

За периодот од 2017 до 2021 година се планира да се реализираат следниве проекти:

  1. Реконструкција, доградба и проширување на постојните деловни простории околу текстилниот  пазар на површина од 192 метри квадратни
  1. Реконструкција и модернизација на управната зграда на ЈКП „Пазари“
  1. Поставување на подземни контејнери во просторот на пазарот и околу него, со што ќе се обезбеди повисок стандард на одлагање на сметот кој се собира во пазарот и тоа ќе бидат првите подземни контејнери кои ќе бидат поставени во Општина Прилеп

kontejneri

  1. Се планира реализација на проект за производство на електрична енергија со фотоволтаици за сопствени потреби на пазарот, но и за потребите на локалната самоуправа односно градот, старата чаршија и поширокото градско подрачје. Се планира да бидат поставени 1.300 фотоволтаични панели, со кои ќе се покрие целиот пазар и кои би произведувале 271,8 kw електрична енергија на ден. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на површина од 3.500 метри квадратни со кои ќе се обезбеди електрична енергија за околу 3.000 светилки. За целиот проект до крајот на март треба да биде изработена и физибилити студија која треба да покаже на каков начин ќе се користи електричната енергија. Дали таа би се акумулирала во одредени инвертори или пак таа би се внесувала директно во системот на ЕВН од каде понатаму ќе се дистрибуира до крајните корисници. По изготвувањето на физибилити студијата следува и изработка на проектот. Средставата пак за овој проект се планира да бидат обезбедени преку ЕУ фондовите
  1. Проект за дотур на стока до тезгите на закупците, дуќаните во пазарот и дуќаните во центарот на градот со електрични возила
  1. Реализација на проект за продажба на сертифицирана органска храна
  1. Се планира замена на постојните светилки за осветлување во пазарот со штедливи лед светилки
  1. Во наредниот период се планира организирање и на цветен пазар
  1. Ќе имплементира и организирана продажба на занаетчиско-слаткарски производи

Сите овие проекти во периодот кој следува ќе бидат предмет на работа на ЈКП ,,Пазари“ – Прилеп во соработка со Општина Прилеп. За успешно спроведување пак на вака планираните проекти секако големо влијание ќе имаат политичките, социјалните и економските моменти

ВКУПНАТА ВРЕДНОСТ НА СИТЕ ОВИЕ ИНВЕСТИЦИИ СЕ ПЛАНИРА ДА БИДЕ ОКОЛУ 50.000.000 ДЕНАРИ.

_MG_0751

Значи во иднина според сите наши можности и поддршката на ЕУ за проектите од комуналната област ќе го направиме вршењето на оваа дејност поефикасно и покомпетентно и по мерка и барање на нашите граѓани.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.