Илијадници фирми во Германија се наоѓаат на чекор до банkpoт и опстануваат со државната помош, а економските експерти проценуваат дека се работи за точно 25.000.
Финансиската помош по системот “капка по капка” е германска стратегија која ги ублажува жестоките последици од кopoна kpизата. Финансиската помош само го одлага банkpoтот, пишува Дојче Веле.
Економските експерти стравуваат дека ова би можело да заврши со силе бран на банкpoти, откако ќе прекине државната помош.
“Апсолутно е разбирливо дека треба да се помагаат компаниите кои поради кapaнтинот западнаа во проблеми”, велат експертите од институтот за европски економски истражувања “Лајбник” од Манхајм.