Деновиве момците од рок групата “Бен Хур” изработија интересен видео клип за песната „Перо мајсторо“, а кој е веќе прикачен на youtube каналот.
Повод е 25 годишнината од издавањето на нивниот деби студиски албум, насловен како “Секс пиво рокенрол“, а во кој беше вклучена и оваа песна.
За одбележување на овој јубилеј момците од “Бен Хур” ја одбраа токму оваа песна, заради веселата хармонија и текстот, како честитка со желби за поубава Hова година до сите, во овие претпразничи денови.
Снимена е со изведба на инструменти во живо во скопското студио „City sound“, од страна на тогашните членови на бендот: Борче Шабаноски, гитарист и автор на музиката, Душко Темелкоски, вокалист и коавтор на текстот, заедно со прилепскиот новинар Зоран Милошески, како и Тоде Илиоски на бас гитара и Диме Џагадуроски на тапани.
Како гостин на клавијатури беше вклучен прилепскиот хит мејкер Горан Милошески. Аранжманот е заеднички на сите членови на групата, додека продуцент на снимањето во студиото беше познатиот Братислав Брацо Зафиовски.