На веб страната на Агенцијата за вработување објавени се цела низа огласи за вработување во Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп.
Се бара се’ и сешто, од обични работници до правници, референти, советници… Огласот е објавен денеска и трае само два дена заклучно со 09.10.2020 година (петок).
Поконкретно, се бара еден надзорник за плата од 21,265 денари
Раководител на одделение за плата од 23,365 денари месечно
Еден инженер за организација на работата – Координатор на организациони единици на комунална хигиена – плата 23,365 денари
Тројца административни службенци – техничар во оператива и картотека – 16,397 денари основна плата
Двајца контролори на линија – Контролор за одржување на јавна чистота – основна плата 21,265 денари
Еден бравар за 15,628 денари основна плата
Еден магационер за 19,724 денари основна плата
Дваесет метачи на паркови за основна плата 14,934 денари
Шест градинари за основна плата од 15,423 денари
Двајца општи работници за основна плата од 14,934 денари
Пет градежни работници за основна плата од 16,960 денари
Двајца чувари, основна плата 14,934 денари
Еден виш референт, основна плата 18,703 денари
Еден референт за наплата, основна плата 18,241 денари
Еден инкасант, основна плата 17,627 денари
Еден соработник (одговорен за соработка за информатика) за основна плата од 21,572 денари
Eден советник за за безбедност и здравје при работа, основна плата 24,646 денари
Еден помлад соработник за даноци, основна плата 19,266 денари
Еден правник за основна плата од 16,397 денари
Еден економист за основна плата од 16,397 денари
Еден ветеринар – основна плата 21,265 денари
Петнаесет ракувачи со постројки за спалување на отпадоци (Работник за примарна селекција на отпад) – основна плата 14,934 денари
Единаесет работници за балирање на смет – основна плата 14,934 денари
Еден возач за тешки трактори – основна плата 15,423 денари
Еден возач на товарно возило – основна плата 16,960 денари