24-годишна девојка од Прилеп со тешки повреди примена во болница – со автомобил излетала од коловозот на ул.”Александар Македонски”

-На 15.08.2025 околу 13.50 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С.(24) од Прилеп, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.