24-годишна девојка од Битола заврши во болница, откако рано утрово со автомобил излетала од коловозот

Денеска (28.01.2024) во 05.50 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.„Климент Охридски“ и ул.„Солунска“ патничко моторно возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.М.(24) од Битола излетало од коловозот.

Во несреќата А.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.