Денеска (20.06.2021), во организација на Џудо федерацијата и техничка организација на Џудо Клубот “Сеишин” oд Прилеп, се одржаа две Државни првенства во џудо и тоа за пионери/ки и сениори/ки.
Првенствата се одржаа во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп без присуство на публика, согласно сите протоколи за заштита од Koвид 19.
На овие првенства учество зедоа 14 клубови со околу 160 натпреварувачи. Џудо клубот “Сеишин” – Прилеп на овие првенства зеде учество со вкупно 23 натпреварувачи во двете возрасни категории (10 сениори и 13 пионери).
Освоени се вкупно 16 медали и тоа 4 златни, 4 сребрени и 8 бронзени.
Резултати поединечно:
Пионерки:
1. Елеонора Илиоска 1 место, 2. Теа Настоска 2 место, 3. Теона Настоска 3 место
Пионери:
1. Борис Џагадуроски 1 место, 2. Димитри Џокоски 2 место, 3. Давор Најдоски 3 место, 4. Бојан Ѓорески 3 место, 5. Немања Џагадуроски, 6. Дарио Нанески 3 место
Сениорки:
1. Теодора Димеска 1 место, 2. Ема Димитриоска 2 место, 3. Магдалена Најдоска 3 место
Сениори:
1. Марко Тодорчески 1 место, 2. Јован Најдоски 2 место, 3. Антонио Талески 3 место, 4. Валентин Димитриоски 3 место
Добри борби покажаа и Тамара и Теодора Илиоски, Ангел Талески и Благојче Мантароски кај Пионерите како и Марија Талеска, Стефан Талески и Бојан Мојсоски кај Сениорите, но не успеаа да изборат место на пиедесталот.