23 ОКТОМВРИ 1893-ВО СОЛУН Е ОСНОВАНА ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (ВМОРО)

1

23.октомври 1893 – Во Солун е основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун.

На основачкиот состанок присуствуваат:
Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен,
Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско,
Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко,
Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш,
Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и
Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската егзархиска машка гимназија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др.

По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат.
Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција.
Емисарите на ТМОРО вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракијаи формираат месни комитети. Откако на овој начин се формира структурата на организацијата, се започнува со процесот на создавање на вооружени чети и почнуваат набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

Среќен 23-ти Откомври на сите Македонци во целиот свет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.