23 деца, првенци на генерација oд Прилеп и Кривогаштани денеска заминаа на Попова Шапка

_MG_7021

Градоначалникот Марјан Ристески денеска ги испрти 19-те деца од Прилеп и четири од општина Кривогаштани кои ќе учествуваат на  овогодинешната манифестација „Снежен град“.

_MG_7002

_MG_6999

„Четврта година по ред општина Прилеп ја поддржува оваа убава манифестација која се случува во Попова Шапка, да им посакаме среќен пат, добар престој на децата и да изградат најубава снежна фигура“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

_MG_7045

_MG_7083

Организаторите посочија дека во рамки на манифестацијата ќе се одржат и други бројни активности од рекреативен карактер, како избор на Снежна убавица, спортски игри, пинг понг, билијард, рачен фудбал и пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и диско-забава за учесниците на Снежниот град.

_MG_7093

Манфестацијата е во организација на Детскиот културен центар „Карпош – Скопје“.

_MG_7104




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.