228 полициски службеници ќе се вратат на работа во местата на живеење

Денес во просториите на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, м-р Митко Чавков и Директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Горанче Савовски, остварија средба со раководниот кадар на СВР Скопје и заедно со командирите на полициските станици поделија нови решенија за распоредување на вкупно 228 полициски службеници од последните две генерации полицајци, кои досега беа распоредени на работни места на подрачјето на СВР Скопје, односно надвор од нивното место на живеење.

resenija

Овие полициски службеници ќе имаат можност во иднина своето знаење и стекнато искуство да го применат на своите нови работни позиции лоцирани во нивното реално место на живеење.

Овие решенија се донесени согласно основните приоритети утврдени во Стратегијата за управување со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи, а со цел зајакнување на персоналните капацитети во регионалните Сектори за внатрешни работи, како и со цел запазување на економско-социјалниот аспект од живеењето на посочените полицајци.

МВР ќе продолжи со своите заложби за јакнење на капацитетите на безбедносниот систем на Република Македонија, без разлика на предизвиците и ризиците со кои секојдневно се соочува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.