Девојките од прилепскиот боречки клуб “7 Мај – Златна рака”, викендов зедоја учество на силниот меѓународен турнирн “Победник” во Белград, каде одново постигнаа врвни резултати.
Девојките во Прилеп се враќаат со две први места и две трети места.
Првопласирани во своите категории беа Тамара Цветкоска до 66кг. во пионери и
Елена Дејкоска во категорија до 49кг. во кадети, а трети места освоија Ангела Трајкоска и Јована Тодороска во категорија до 50 кг за пионери.
Одличен настап имаше и Анабела Стојаноска, која го освои петтото место во категорија до 50 кг. за пионери.
Со овој турнир БК “7 Мај – Златна рака” ја завршува 2023година, која и тоа како беше плодна на натпреварувачки план.
Честитки за девојките и желби за уште поголеми успеси во Новата 2024 година.