Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Koвид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на Koвид -19.
Вкупната бројка на Koвид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.