22 дечиња ќе скокнат по Светиот Крст во дворот на црквата Св. Благовештение во Прилеп

22 дечиња ќе скокнат по светиот крст во водите на базенот, во дворот на црквата Свето Благовештение во Прилеп.

Главниот водосвет со полагање на светиот крст во најстариот храм во Прилеп, ќе се одржи во 10 часот, а со почеток од 07:00 часот ќе се одржи и Света Архиерејска Василиева литургија.

Рано утрото е и традиционалното пуштање на гулабите, коа е една интересна традиција која со векови се негува во Прилеп. Гулабите се симболика на Светиот дух, кој според Светото Писмо во вид на гулаб слетал на реката Јордан во моментот кога Исус Христос бил покрстен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.