-Во врска со настанот –сообраќајна несреќа во Битола – од 18.01.2025 година, во која што на улицата „Илинденска“ во Битола непознато патничко возило удрило во 17 годишен малолетник причинувајќи му тешки телесни повреди, вчера (18.01.) во 07.20 часот во СВР Битола, се самопријавило лицето Б.Л. (22) од село Бистрица, битолско, кое што го управувало патничкото возило „Фолксваген голф“ со германски национални ознаки.
Со него од страна на полициски службеници извршен е службен разговор.
За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.