22-годишниот пациент од Прилеп кој почина од Koвид-19 имал диjaбет и не бил вakциниpaн, велат од Министерството за здpaвcтво

Дваесетидвегодишниот прилепчанец кој беше во вчерашната статистика на починати од ковид-19, имал дијабетес, примал инсулин и не било вакциниран, соопшти Министерството за здравство.

„Според информациите од установите каде е третиран, 22-годишниот пациент бил пренесен во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ од Прилепската болница со тешка кетоацитоза, pH вредност 6.8, со многу висока гликемија и висока температура од 39 степени. Пациентот боледувал од дијабет тип два и бил на терапија со инсулин. Од прегледот на историјата на пациентот и контактот со лекарите кои го следеле, има податок дека нередовно употребувал инсулин и не одел на контролни прегледи. На рентген при прием му била утврдена билатерана бронхопневмонија, а за време на болничниот престој има тахикардија“, вели Министерството за здравство.

И покрај сите напори на медицинскиот персонал, за жал, пациентот починал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.