Оваа сезона управата на РК Прилеп е ангажирана клубот да биде со многу поквалитетен ростер и во таа насока продолжен e договорот со столбот на одбраната Филип Велески, Цветаноски, Бикоски, Ангелески, Трајчевски, a во игра се уште неколку звучни имиња со кои клубот е во преговори.
Чаршијата шпекулира дека Претседателот на клубот Мариновски е во преговори со звучно тренерско име, стратег кој со новите засилувања би обезбедил место во плеј оф.
Во првото коло на почетокот на септември, прилепската публика очекува успешен старт и победа над новиот клуб на прилепчанецот Кузманоски, кој од неодамна е тренер на РК Бутел.