Членовите на советодавното економско тело на Општина Прилеп заедно со членовите на Регионалната стопанска комора, денеска на својот 21-ви работен состанок имаа можност да споделат повеќе информации во врска со започнатите и реализирани проекти во текот на 2016 год, со новите проекти и огласи од АВРМ, изградба на приватни детски градинки, информации за инфраструктурни проекти и објекти, спорт, како и за многу проекти кои би се одразиле на развојот на стопанството во нашата општина, а ќе бидат реализирани во текот на оваа година.
Претставниците на Регионалната стопанска комора го презентираа почетокот на имплементацијата на проектот за дуален систем на образование и тренинг во средните стручни училишта. Како што посочија, по барање на бизнис заедницта кои се во недостаток на соодветен кадар, овој проект им нуди соодветна пракса и тренинг на средношколците од техничките струки, се со цел учениците да се здобијат со знаења за во иднина да излезат соодвено образовани кадри. На 21-виот работен состанок беа презентирани и други мислења и предлози кои би дале придонес за подобар развиток на градот Прилеп.