200 ИЛЈАДИ ЕВРА ПАРИ ЛИ СЕ: Колку Тамари чини ,,прославата’’ за имагинарниот влез во ЕУ и НАТО, прашува Апасиев

Професорот Димитар Апасиев и член на президиумот на Левица на својот Фејсбук профил распали по своите поранешни соборци од Шарената Револуција кои ја подржаа ,,прославата’’ за имагинарниот влез во ЕУ и НАТО која ја организираше владата на СДСМ.

Тој ги запраша сите оние ,,шарени’’ кои присуствуваа и ја поддржаа ,,прославата’’, колку Тамари чини мизеријата на нивните лидери. Иронично констатирајќи дека 200 илјади евра не се ништо.

Драги мои бивши соборци од Шарената револуција. Колку Тамари кошташе „прославата“ на човечката мизерија на вашите лидери? #200000ЕвраПараЛиЕ, напиша тој.

Настанот кој го организираше владата на СДСМ на крајот се покажа како еден голем црвен картон за Заев и неговите катастрофални, антидржавни политики. Прославата имаше катастрофална ниска посетеност, а граѓаните во огромен број ја бојкотираа, настанот го бојкотираа и дел од изведувачите. Очигледно дека ниту шарените не се бореле за ова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.