20 уметници од ДЛУП Прилеп, утре ќе се претстават со изложба на дела пред прилепчани

На 2 ноември /сабота/ од 18.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“, ќе биде отворена изложба на дела од уметници, членови на ДЛУП. Ова е годишна изложба на која со свои дела ќе се претстават 20 уметници, членови на ДЛУП.

-Уметниците ќе презентираат дела изработени во најразлични техники, материјали и форми. Публиката ќе има можност да види слики, скулптури, графики, односно творби кои се создадени во текот на годинава. Изложбата е традиционална и е дел од годишната програма на друштвото и е поддржана од Министерството за култура и туризам – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 3 – ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.