Сега кога е официјално средовечен, најдобриот голман на сите времиња сам одлучува уште колку ќе остане на теренот. Ова се 20 причини поради кои сите го сакаат, броејќи ги тука и најголемите противнички клубови.
1.Затоа што кога прв пат бил повикан на тренинг со првиот тим, после повредата на Лука Бучи, толку ги депримирал напаѓачите на Парма, што шутерскиот тренинг бил прекинат. После тоа такви тренинзи не се одржувале, затоа што никој не се осудувал да му шутира од повеќе од 16 метри, бидејќи им ја уништувал самодовербата.
2.Затоа што четири дена подоцна сам го запре Милан на своето деби, со Баџо и Веа во шпицот, а после мечот без радување отишол во соблекувалната и му се заблагодарил на тренерот Скали за довербата која му ја пружил.
3.Затоа што синот го крсти Томас, по својот идол од Камерун Н’Кону, кој тогаш му се јавил по телефон и му честитал на раѓањето на детето.
4.Затоа што се зборува дека прокоцкал милиони на кладење и им рече на сите дека тоа се негови пари.
5.Затоа што јасно призна дека се лечел од депресија и ги повика останатите играчи да побараат помош од лекар.
6.Затоа што кога оди на море, со децата игра фудбал на игралиштата.
7.Затоа што химната на својата земја ја пее со цело срце.
8.Затоа што инвестираше 20 милиони евра во текстилната компанија “Зуки” и пропадна, но ја зачува работата за околу 1200 семејства.
9.Затоа што, кога го сруши рекордот на Роси, напиша писмо во кое ги спомена сите играчи на Јуве и рекордот го прогласи за заеднички.
10.Затоа што секогаш бранеше за Јуве иако беше и остана најскапиот голман на светот и никогаш платата не го оптеретуваше.
11.Затоа што секогаш ги заштитува младите играчи.
12.Затоа што остана во Јувентус и во најтешките моменти и не се двоумеше ниту еден момент. Тој и Дел Пиеро се согласија на смалување на платите во Серија Б. Рече дека му должи на клубот кој направил од него светски првак.
13.Затоа што е единствениот фудбалер кој не го интересираат автомобили, вози “Ланчија”.
14.Затоа што никогаш не е љубоморен на своите соиграчи, и секогаш го бодри голманот кој го заменува на теренот, што ретко се случува.
15. Затоа што никогаш не рече дека требаше да ја добие “Златната топка” во 2006 година, која ја освои неговиот соиграч Канаваро.
16.Затоа што во карантин не ги проучува изведувачите на пенали, туку вели дека гледа порно филмови.
17.Затоа што истетовира лик на навивач кој го истетовира неговиот лик.
18.Затоа што кога ќе отидете на стадионот од Јувентус и ќе бидете присутни во просториите на клубот пред меч, нема шанси да не застане доколку го замолите за фотографирање.
19.Затоа што вели дека открил дека е “глуп” кога станал голман, бидејќи како дете давал доста голови во младите категории, пред да реши да ги “прима”.
20.Затоа што никогаш не одговара на критиките во весниците и исклучиво зборува на теренот. Еднаш рекол дека не се срами од грешките, туку од причините кои го донеле до нив.
TEШКО Е ДА НЕ ГО САКАТЕ ИЛИ ПОЧИТУВАТЕ… НЕЛИ?!