20-годишно момче заврши со тешки повреди во сообраќајка која рано утрово се случи во центарот на Прилеп (ФОТО)

Утрово околу 6 часот, на раскрсницата помеѓу улиците “Сотка Георгиоски” и “Кеј 1-ви Мај” во Прилеп, се случила тешка сообраќјна незгода откако се судриле две возила, марка голф 5 и патролно возило на компанијата “Никоб”.

Во незгодата со повреди се здобило 20-годишно момче, кое го управувало голфот, а причинета е и материјална штета.

Увид на лице место извршила екипа на ПС Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.