Вашиот редовен забавник радио Холидеј го прослави дваесеттиот роденден. Во одлична атмосфера, со многу пристутни гости од бизнис секторот, градоначалникот на Општина Прилеп и пратениците во Собранието на Р. Македонија, радио Холидеј приреди одличен пречек, достоен за вистински медиум.
Пелагониското радио е број еден радио на регионално ниво и е прогласено како такво од страна на Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги. Секојдневно работи во служба на граѓаните, известува за сите настани и случувања, а пред се работи во служба на подобрување на расположението и забавување на граѓните.
Вечерва во ресторанот Центар во Прилеп, домаќините ги пречекаат своите гости на достоинствен начин со богата музичка програма и шведска маса.
Екипата на маркукуле.мк беше генерален покровител на настанот и се потрудивме на достоинствен начин да ви ја доловиме атмосферата од оваа прослава.
Инаку радиото опстојува од 02.12.1995г. и постојано напредува. Прилепчани го имаат како свој бренд и препознатлив знак кога се говори за медиумите преку радио брановите.
Од сопствениците дознаваме дека овој бизнис не е ни малку лесен и евтин, но со залагање и макотрпна рбота, како и со поддршка на маркетингот, опстојуваат успешно и стабилно. Задоволни од својата работа, низ насмевки ни предочија дека упорноста и умешноста се клучни за да се успее и да се створи вакво нешто што опстојува толку долго.
Им посакуваме уште многу успешни години на работа, а на граѓаните на Прилеп и регионот им сугерираме редовно да ја слушаат програмата на радио Холидеј.
[Best_Wordpress_Gallery id=”87″ gal_title=”Radio Holidej”]