20 ПРИЧИНИ ДА ЈА ПОСЕТИТЕ ПРЕКРАСНАТА БУДИМПЕШТА: Будимпешта сè почесто се наоѓа на листата на места за посета во Европа

Покрај златната Прага и многуте прекрасни места во Шпанија, Италија или Португалија, во последно време, Будимпешта сè почесто се наоѓа на листата на места за посета во Европа. Па, ако познавате многу луѓе кои ја посетиле и планираат да ја посетат, зошто и вие да не се одлучите на таков чекор?

Со богата историја, прекрасни градби и архитектура, многу знаменитости, туристички атракции, како и одличен ноќен живот, Будимпешта е идеална дестинација за сечиј вкус.
Ако евтините авионски билети не ви се доволна причина, ви нудиме уште 20 за да оставите сè и да заминете во „срцето на Европа“:

1. Можете да прошетате низ градот со неверојатно убава архитектура и градби кои ќе ве воодушеват.

2. Ноќниот живот важи за еден од подобрите, без разлика дали сте расположени за пиење во паб или танцување во еден од многуте клубови, па дури и во термалните бањи.

3. Градот располага со голем број ресторани и кафулиња каде се служи превкусна храна – модерна во елитни ресторани, или традиционална унгарска како lángos .

4. Можете да уживате во бесконечните панорамски глетки со кои располагаат многу места во градот.

5. Со прекрасната архитектура, неверојатните глетки и уникатните кафулиња, претставува едно од најдобрите места за Инстаграм фотки.

6. Градот е преполн со прекрасни термални бањи со лековити својства и секако, одлична архитектонска градба, како што е Széchenyi.

7. Има стара, долга и фасцинантна историја која вреди да ја слушнете од туристичките водичи.

8. Природата е секогаш блиску до вас и вреди да посетите еден од многуте големи паркови исполнети со зеленило и да „избегате“ од сè.

9. Можете да го посетите третиот најголем парламент во светот чија градба е во готски стил и важи за еден од најубавите.

10. Или да го посетите замокот Буда кој е историски комплекс во кој биле сместени унгарските кралеви, а се наоѓа на врвот на тврдината Хил.

11. Качете се во трамвај број 2, бидејќи тој важи за еден од 10-те со најубава рута, а овозможува да уживате во прекрасни глетки низ градот.

12. Ќе се воодушевите од надворешноста и внатрешноста на црквата Свети Матијаш, изградена во 1015 година, а е декорирана со уметнички стаклени ѕидови и прекрасни фрески.

13. Патувајте низ историјата со првата линија на метрото кое е под заштита на УНЕСКО, а локалците го нарекуваат подземје. Постои од 1896 и е најстарото метро во Европа.

14. Ќе уживате во атмосферата и културата на познатите локални пазари, а Nagyvásárcsarnok е најголемиот и најпопуларен помеѓу туристите.

15. Ќе поминете низ многу мостови преку Дунав кои ги спојуваат двата значително различни дела на градот, а најимпресивен е Ланчениот мост (Széchenyi lánchíd), иако има и други прекрасни.

16. Ќе уживате во прошетката по скалите и патчињата, како и во панорамската глетка од Рибарските кули (Halászbástya) кон Дунав, островот Маргит, Пешта на исток и ридот Гелерт.

17. Вреди да ја искористите можноста да пловите по Дунав на едно од многуте различни крстарења и да доживеете прекрасно искуство од градот.

18. Можете да присуствувате на опера во една од најпрестижните опери во Европа, или барем да ја посетите зградата со фантастична архитектура која ќе ви го одземе здивот.

19. Ако времето е сончево, може да одите на пикник и да уживате во природата на паркот на Маргитин остров (Margitsziget).

20. Не заборавајте да прошетате по пешачката улица Váci, која според Lonely Planet има многу кафулиња, слаткари и продавници за кои вреди да чекате ред.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.