Според реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е апсолутен победник на вечерашниот ТВ дуел кој се одржа на Канал 5 Телевизија во емисијата “Само вистина”, а противник му беше премиерот Зоран Заев.
Ова се дел од тезите кои ги издвојуваме од двочасовниот ТВ дуел на двајцата лидери:
Христијан Мицкоски го праша Зоран Заев како говорат Македонците во Грција.
Зоран Заев на ова прашање негираше дека има Македонци во Грција, упорно повторувајќи дека го почитува уставот на Грција.
– Во духот на договорот, Грција е таа која што треба да се изјасни за грчкиот народ, заради тоа што тоа се граѓани на Грција. И треба да се изјаснат, рече Заев.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашањето што ќе работи во иднина Специјалното јавно обвинителство изјави дека во законот стои кои ќе бидат ингеренциите но потенцираше и дека власта е извор на корупција.
-Ќе гони корупција висока против сите најмногу против власта, затоа што ние сме власт, секој пат власта ги прави најголемите коруптивни зделки, рече Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше на премиерот Заев дека добро е што признал дека актуелната Влада е потенцијално корумпирана, на што премиерот Зоран Заев додаде дека тоа е така секаде во светот.
Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ бара формирање на комисија која ќе има за цел детално да ги испита примањата на јавните обвинители, односно како што кажа тој има сериозни индиции за криминално трошење на парите на граѓаните.
– Она кое што ВМРО-ДПМНЕ принципиелно го бара е формирање на комисија која што ќе истражи каде до сега се потрошија 15 милиони евра, како се потрошија бидејќи имаме сериозни индиции дека начинот на кој што се трошат парите на граѓаните на оваа држава, даночните плаќачи не се сите согласно законите на Република Македонија потрошени. Имаме индиции и тие индиции ќе ги презентираме пред јавноста, потенцираше тој.
Христијан Мицкоски му порача на Зоран Заев дека неговиот родител Иван Мицкоски никогаш не учествувал ниту во оценка ниту во изготвувањето на магистерскиот и докторскиот труд, а тоа ќе се потврди и на крајот од емисијата кога ќе се утврдат фактите кои што се изнесуваат за време на емисијата.
Мицкоски му посочи на Заев дека имал од што да учи бидејќи јавноста знаела дека неговиот татко бил обвинет за крадење на електрична енергија, потенцирајќи дека тој му е пример во животот како да се однесува.
-Изгледа вашиот родител добро ве научил, бидејќи тој имаше едно обвинение за кражба на електрична енергија, па сигурно не го влечете вака пример во животот како да се однесувате понатаму, му одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски ја цитираше изјавата на Заев „Дали е ова ваш став: Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи паметот дека мојот дедо, татко сите мои предци јас и мојот син сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи, не само тоа не верувам дека постои роден човек во Република Македонија подготвен да излезе пред парламентот и да бара промена на Устав заради промена на уставно име ?“, го праша Мицкоски Заев.
Мицкоски праша „Што се случи со жицата Господине Заев, што се случи со македонската жица, се плашите да изустите дека говорите на македонски јазик“, вели Мицкоски.
Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе работи да ги исправи целокупните последици на како што вели капитуланскиот договор со Грција.
-Ништо не заштитиле, ние не сме Талибанци па се што било позади нас да бришеме, да кинеме, да палиме или да негираме како што тоа го прави господинот Зоран Заев. Но ќе работиме целокупната последица која е резултат на овој договор да ја исправиме и тоа никогаш нема да престанеме да го правиме. Држави капитулирале, па години потоа се обединиле и станале светски веле сили, ништо не е готово. Сите што ви викаат дека се е готово, тоа не е точно, вели Мицкоски.