2 и пол дневници за работа во пpaзник, а еве кои дејности ќе може да paботат во недела

За работа на ден на празник или неработен ден според Законот, се добива надомест на плата за тој ден, плус плата за извршената работа зголемена за 50 проценти, или сѐ вкупно 2,5 дневници.

Покрај ограничувањето за работа во недела во трговијата на големо и мало, го ограничивме и работењето на празник. Ниту еден работодавач, освен во наведените исклучоци, покрај тоа што нема да смее да работи во недела, нема да смее да работи ни во празник – велат од ССМ, пренесе Слободен печат

Исклучоци во трговијата кога може да се работи и во недела и на празник се: специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност; продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 квадратни метри; штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела; продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и зелените пазари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.