Од утре па до крајот на мај, Македонија ќе биде домаќин на припадници од седум НАТО-сојузнички армии во рамки на вежбата „Swift response 22“.
Како што соопшти британското Министерство за одбрана, 2.500 британски војници ќе учествуваат со 16 воздушно-борбени тимови и еден борбен тим на воздухопловната бригада.
Министерот за одбрана Бен Волас вели дека покрај Македонија, Лондон испраќа трупи и на воени вежби во Полска, Латвија и Финска, што е најголемо распоредување на британската војска во странство после Студената војна.
Првите луѓе на армијата истакнаа дека обемот на распоредување ќе ја одврати „агресијата“ во размери што не се видени во Европа овој век.