Татковината и националните интереси се скапа работа. Ако сега не ги заштитиме, во догледно време ќе не колнат нашите поколенија. Затоа продолжуваме и денес, во 19 часот пред споменикот на “Прилепските бранители” кај хотелот “Липа”, порачаа организаторите на маршот “За заедничка Македонија”.
Прилеп вечерва го очекува еден од најмасовните протести против платформата од Тирана и против обидот за урнисување на унитарноста на државата.
Од граѓанската иницијатива најавија дека вечерва ќе ги објават идните планови и активности.