19 жени хероини кои ја победиле болеста застанаа на модна писта и порачаа: Ракот може да биде завршена приказна (ФОТО/ВИДЕО)

“ЕЛЕНА ЛУКА” со гордост беше покровител на уникатна модна ревија, посветена на жените кои ја водат или ја добиле битката со ракот.

19 инспиративни хероини зачекорија на пистата облечени во ексклузивни тоалети на ЕЛЕНА ЛУКА, пренесувајќи порака за сила, храброст и љубов кон животот. Настанот, организиран од здружението ХЕМА-ОНКО под покровителство на ЕЛЕНА ЛУКА и Словачката Амбасада во Скопје, беше вистинска прослава на непокорливиот женски дух.

-Со секој чекор, овие жени потсетија дека вистинската убавина се раѓа од внатрешната сила, а нивната енергија допре до срцата на сите присутни. Горди сме што бевме дел од овој хуманитарен настан кој ја слави жената како симбол на надеж, љубов и непоколебливост.
Жената е хероина. Жената е убавина. Жената е живот
– стои во објавата на EЛЕНА ЛУКА на социјалните мрежи.

ФОТО/ФБ/ELENA LUKA




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.