18 oгласи за вработување во Прилеп: Се бараат различни кадри во “ВИК”, “Гентерм”, “Микросам”…

18 oгласи за слободни работни места се објавени за Прилеп на веб страната www.vrabotuvanje.com.mk.

Се бараат: Инженери, техничари, асистенти, сметководители, референти, комерцијалисти….

Работа нудат големите компании сместени во технолошко-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп, Гентерм и ВИК, каде се бараат претежно инженери и администратори, а во компанијата ВИК е потребен и главен сметководител.

Микросам бара референт за увоз и извоз, а СН Осигурителен брокер АД Битола има потреба од Агент за животно осигурување.

Отворени се работни места и за: Медицински стручен соработник, Комерцијалист и Унапредувач на продажбата.

Огласите детално можете да ги погледнете на следниот ЛИНК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.