Во изминатото деноноќие според здравствените власти нема нови случаи со Ковид-19 во Прилеп, а почина еден пациент на 71-годиншна возраст.
Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 18 лица позитивни на КОВИД-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка.
Во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 496 лица. Во деновите од викендот, од петокот до денеска, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час – информираат од прес службата на Општина Прилеп.